ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА САЕМОТ НА КУЛТУРНИ ДОБРА, ВЕНЕЦИЈА
30.11. - 03.12.2006 ГОДИНА
Резултатите од повќегодишната работа на Проектот што заеднички го водат Советот на Европа и Европската комисија во земјите од Југоисточна Европа: Заеднички рехабилитационен проект-план/Процена на архитектонското и археолошкото наследство на Југоисточна Европа, по втор пат се презентираат на Саемот на културни добра во Венеција. Новина во организацијата на овогодишниот настап на земјите од Југоисточна Европа беше - промоција на различни видови наследство на посебни штандови во специјално наменет простор за оваа цел. Имајќи предвид дека активностите на членовите на делегациите беа разновидни - од презентација и промоција на Проектот, преку публикувани материјали на англиски јазик за сите споменици предвидени во Проектот и за сите досега реализирани фази, учество на посебни работни средби за натамошниот тек на самиот Проект, презентација на пригодни брошури, постери и друг вид пропаганден материјал за културното и природното наследство што го обезбедија земјите-учеснички, до активно учество на повеќе колоквиуми на кои главни теми беа културниот туризам и третамнот на посебниот вид културно наследство - културниот предел.
Подготвителните работи околу презентацијата на нашата држава ги спроведуваше Управата за заштита на културното наследство во соработка со претставник од Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија.
Македонската делгацијата на Саемот ја сочинуваа: м-р Јулија Тричковска, од Управата, во улога на шеф на делегацијата и во својство на раководител на Проектот на Советот на Европа, д-р Кокан Грчев од Институтот за фолклор, учесник на дебатите за натамошниот тек на Регионалната програма за културното и природното наследство на Југоисточна Европа, особено во врска со актуелните про е кции на Советот на Европа и УНЕСКО за културните коридори на Југоисточна Европа, како и Зоран Николовски, помошник раководител на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија, кој имаше можност да воспостави контакти со институции и одговорни субјекти инволвирани во туристичката дејност во Р. Италија. Посебен впечаток на посетителит е и поканетите гости на Саемот им остави коктелот што го организираа Сектр е таријатот на Директоратот за култура, образовани е и спорт при Советот на Европа и дв е од земјите - учеснички - Р. Македонија и Р. Бугарија кои за д е густација понудија традиционални производи од своите земји.
|