Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.16 - 17, Јан - Фев. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

ДОЗВОЛИ ЗА АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА

Во текот на 2006 година Управата за заштита на културното наследство издаде вкупно 32 дозволи за археолошки истражувања, и тоа на:

  • Национален конзерваторски центар Скопје, носител на истражувањата за објектите: „Епископска базилика” , „Перистериева палата”, „Коцкарница” и „Форум” на локалитетот Стоби.
  • НУ Завод и Музеј Охрид, носител на истражувањата на локалитетот „Плаошник” и црквата „Св. Четириесет маченици” во Охрид.
  • НУ Завод и Музеј Битола, носител на истражувањето на археолошкиот локалитет „Хераклеја Линкестис”, Битола.
  • НУ Завод и Музеј Струмица, носител на истражувањата на локалитетот „Орта Џамија”, Струмица.
  • НУ Музеј на Македонија, носител на истражувањата на локалитетите: „Столот” и „Димов Гроб” кај с. Уланци, „Исар” кај с. Марвинци, „Големо Градиште” кај с. Коњух, „Голем Град” во Преспа, „Римски форум” во Стоби, „Црквиште” кај с. Мородвис и „Пијанец”, Делчевско.
  • Музеј на град Скопје Скопје, носител на истражувањата на локалитетот Скупи, и тоа на секторите: „Градска територија”, „Западна некропола” и „Зајчев рид”, „Пржали” кај с. Варвара, „Римска Бања”, Катланово и „Маркови Кули”, Водно.
  • НУ Музеј - Гевгелија, носител на истражувањата на локалитетите: „Градишор-Мрамор” кај с. Милетково и „Вардарски Рид”, Гевгелија.
  • Народен музеј - Велес, носител е на истражувањата на локалитетите: „Кале” кај с. Стари Град, „Латински Гробови” кај с. Раштани и „Писта” кај с. Ново Село.
  • Музеј на град Неготино, носител на истражувањето на локалитетот „Градиште”, Неготино.
  • Музеј-Галерија - Кавадарци, носител на истражувањето на локалитетот „Пешково Ритче” кај с. Ресава.
  • Институт за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет, носител е на истражувањата на локалитетите „Глоска Чука” кај с. Гручиште и „Цуцулот-Висока” кај с. Крушевица.
  • НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј - Прилеп, носител е на истражувањето на локалитетот „Стибера” кај с. Чепигово

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]