АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА
Во периодот од 12.02 до 10.03.2007 година, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола, ќе врши археолошки истражувања на локалитетите „Еврејски Гробишта” и „Горно Маало” во Битола. Истражувањата се преземаат врз основа на дадени услови за изградба на антенски столбови на АД Космофон. Со истражувањато ќе раководат: Гордана Филиповска Ларазовска, археолог, кустос-советник и Марија Василева, археолог, вишкустос.
НУ Музеј на град Скопје во периодот од 14.03 до 31.08.2007 год. ќе врши систематски археолошки истражувања на локалитетот „Кале”, Скопје на неколку сектори покрај внатрешниот бедем, со цел вреднување на генералната стратиграфија и добивање податоци за понатамошна јавна презентација.
Проектот е финансиски покриен со средства од Владата на Република Македонија под координативна надлежност на Управата за заштита на културното наследство. Со истражувачките работи ќе раководи проф. д-р Драги Митревски, археолог.
|