Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.16 - 17, Јан - Фев. 2007
Култура / Culture

[Претходна страна] [Информатори]

АКТИВНОСТИ НА ИНСПЕКЦИСКАТА СЛУЖБА

Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство, постапувајќи по добиена информација направи увид на локалитетот „Црква” во с. Рашче, при што констатираше оштетување на поголем број гробови кои се од типот цисти од тенки камени плочи со видливи остатоци на скелети. Според податоци од археолошката карта, станува збор за голем римски тумул. Оштетувањето на гробовите е настанато при пробивање на пат во далечната 1971 година.

Управата за заштита на културните наследство, во соработка со НУ Конзерваторски центар Скопје, презема натамошни активности за истражување и заштита на овој културен простор.

Постапувајќи по пријава, Управата за заштита на културното наследство презеде мерки за обезбедување на археолошки наод и утврдување на локалитетот од каде што е ископан истиот.


Инспекторите за културно наследство, во координација со Министер-ството за внатрешни работи, одзедоа археолошки наод пронајден кај лице во Демир Капија. Според добиените сознанија наодот потекнува од археолошкиот локалитет „Болница” кај Демир Капија, а станува збор за дел од мермерна статуа, најверојатно Артемида или Дијана, според аналогиите од II - III век од н.е.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


[Претходна страна] [Информатори]