МУЗЕЈСКА ВИТРИНА
НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ СТРУМИЦА
НУ Завод и Музеј - Струмица е основан во 1952 година. Својата дејност ја започнува со откуп и прибирање на музејски материјали од областа на историјата, етнологијата и археологијата. Првата изложба беше организирана во 1955 година, по што следеа бројни изложби коишто го презентираат културното наследство од регионот од областа на археологијата, етнологијата, историјата, историја на уметноста и природните реткости. Установата, исто така, има организирано повеќе археолошки ископувања од 1977 до денес. Значаен сегмент од работата на Установата е и издавачката дејност во чии рамки се објавени повеќе проучувања од струмичкиот регион што се однесуваат на периодот од праисторијата до XX век.
Од 1987 година е поставена постојана музејска поставка која преку експонатите од археолошката, историска и етнолошка збирка, одблиску ни сведочи за животот на овие простори.



|