Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.18-19, Мар-Апр. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Секторот за превенција и инспекциски надзор при Управата за заштита на културното наследство, постапувајќи по добиена информација направи увид на Споменикот на Револуцијата во Куманово, познат како Спомен-костурница, при што констатира трајно оштетување на релјефот на споменикот, кој е дело на хрватскиот скулптор Коста Ангели-Радовани. Управата во соработка со Министерството за внатрешни работи на РМ презема мерки за откривање на сторителите.

По пријава за недозволено копање на археолошки локалитети во околината на село Вешје, Неготино, инспекцијата при Управата за заштита на културното наследство направи увид и констатира недозволено, диво копање во средишниот дел на наосот на доцносредовековна капела (црквичка) Св. Недела, како и на локалитетот „Селиште", каде се забележани свежи траги од диво копање на дел од влезната партија од објект кој претставува поголема гробница или сакрален објект. Забележано е диво копање и на десетина гробови кои припаѓаат на некропола со поголема густина на погребување.

При посетата на археолошките локалитети во околината на село Вешје забележан е и објектот „Селска чешма", изграден од десетина архитектонски елементи од вулкански туф, што укажува дека потекнуваат од некоја култна градба што се наоѓа во непосредна близина. Инспекциската служба констатира дека е потребно попрецизно дефинирање на Чешмата и околните објекти кои се потенцијална цел на дивите копачи и презема мерки за откривање на сторителите на овие недозволениија. дејствија.

 

 


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]