Управување со културно наследство во Република Македонија и
предизвиците на Конвенцијата од Ла Валета
Во периодот од 16 до 18 април 2007 година, во организација на Британската амбасада и Центарот за археолошки истражувања (МАЦАР), а со поддршка на Катедрата за археологија и историја на уметност и Министерството за култура, во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски" се одржаа серија предавања и работилници кои се однесуваа на Управување со културното наследство во Република Македонија и предизвиците на Конвенцијата од Ла Валета.
Учесници во тридневната сесија беа професионални археолози и експерти за културно наследство од Велика Британија и од Македонија. |