Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.18-19, Мар-Апр. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

ПРОМОВИРАНА ФЛЕЈТА СТАРА 6000 ГОДИНИ

На 12 април 2007 год. во мултимедијалниот центар Мала станица, Управата за заштита на културното наследство организираше промоција на првиот и најстар музички инструмент пронајден во Македонија, засега именуван како Топчеста флејта од Македонија.

Флејтата е пронајдена во 1989 година на археолошкиот локалитет „Мраморот", во близина на с. Чашка, Велешко, неолитска населба која е датирана од 5000 до 4000 год. пр. н.е. Топчестата флејта е изработена од црвена прочистена глина која во процесот на печење добила темнокафена боја. Нејзиниот дијаметар изнесува 4,7 см и има три мали перфорации - усник и два отвора за регулирање на тоновите.

Топчестата флејта беше изложена заедно со уште неколку глинени музички инструменти (окарини) кои датираат од поново време. На промоцијата беше изнесена стручна елборација за топчестата флејта од страна на Трајанка Јовчевска, археолог, кустос-советник од Народниот музеј во Велес, пронаоѓач на инструментот и истражувач на населбата кај Чашка. Поетот Ефтим Клетников ја прочита песната „Окарината на човекот", инспириран од неговата прва средба со волшебниот глас на топчестата флејта. Музичката промоцијата ја изведе нашиот виртуоз на народни инструменти Драган Даутовски со неколкуминутно музицирање на флејтата за која подготви специјална музика.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]