Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.18-19, Мар-Апр. 2007
Култура / Culture

[Претходна страна] [ Наредна страна ]

Активности на Советот на министрите за култура
на земјите од Југоисточна Европа

Третиот состанок на министрите за култура на Југоисточна Европа на кој претседаваше министерот за култура на Република Бугарија, проф. Стефан Данаилов, се одржа во Софија од 23 до 25 март 2007 год. Состанокот го поздрави премиерот на Република Бугарија, г. Сергеј Станишев.

Нашата делегација, предводена од заменик-министерот, г. Слободан Деспотовски, ја сочинуваа: м-р Јулија Тричковска, национален координатор на Проектот на Советот на Европа, г-ѓа Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО и г-ѓа Дивна Тричковска, претставник од Амбасадата на Република Македонија во Република Бугарија.

Една од главните теми на состанокот беше сумирање на резултатите од активностите договорени на претходниот состанок на Советот на министрите за култура на Југоисточна Европа (Варна, јуни 2006 год.) во врска со спроведувањето на стратегијата за „Културните коридори". Претставниците на Советот на Европа ги презентираа перспективите на неколкуте проекти што од 2003 година се одвиваат во рамките на Регионалната програма како добра основа за натамошна успешна соработка на земјите од регионот на полето на заштитата и попула-ризацијата на културното наследство.

Посебено внимание беше посветено на можностите што ги нудат проектите поддржани од Централната европска иницијатива (ЦЕИ) во процесот на мултилатералната соработка на земјите од регионот во областа на културата, со посебен акцент на културното наследство. Во тој контекст, беа презентирани и неколкуте отпочнати оперативни програми за меѓугранична соработка на Република Бугарија.

Високите претставници на министерствата за култура на државите од Југоисточна Европа донесоа акт, кој под мотото: „Културната разновид-ност мост меѓу културното наследство и културата на иднината ", е упатен до претседателите на државите од регионот за проследување на нивниот состанок-форум кој треба да се одржи во Сибиу, Република Романија (7-8 јуни 2007 год.).


[Претходна страна] [ Наредна страна ]