10-ти состанок на националните координатори на Проектот на Советот на Европа
- Европската комисија:
Зеднички рехабилитационен проект-план/Процена на архитектонското
и
археолошкото наследство на Југоисточна Европа
На редовниот состанок на нацио-налните координатори на Проектот кој се одржа во Равело (Република Италија) од 29 до 30 мај 2007 беше разгледувана агендата за продолжување на проектот која се однесува на: обнова/дополнување на Листата за приоритетни интервенеции со нови предлози, подоготвка на нови прелиминарни технички проценки и три физибилити студии, поставување на плакат-дескови пред сите споменици од постоечката Приоритента листа за интервенции, и подоготвки за фондовската конференција што треба да се одржи во октомври 2007 во Верона. Посебен блок теми беа посветени на археолошкото наследство од аспект на спроведување на Европската конвенција за археолошкото наследство (Валета 1992), односно соодветноста на националните стратегии околу заштитата и управувањето со овој вид наследство. На состанокот присуствуваше националниот координатор на Проектот, м-р Јулија Тричковска. |