АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА
ЈНУ Институт за старословенска култура Прилеп ќе врши заштитни археолошки истражувања на локалитетот „Маркови Кули”, Варош- Прилеп, и тоа југозападно од црквата Св. Димитрија. Истражувањата ќе се извршуваат во период од 01.06. до 30.06.2007 под раководство на д-р Бранислав Ристески, археолог, вишнаучен соработник. Средствата за истражувањата се обезбедени од страна на НВО „Форум за авангардна креативност” - Прилеп.
Музеј на град Скопје ќе врши сондажно археолошко истражување на локалитетот „Градиште” кај с. Таор, и тоа на неколку позиции долж бедемот од јужната и западната страна на населбата. Со истражувањата што ќе се одвиваат во период од 06.06. до 19.06.2007 год. ќе раководи м-р Киро Ристов, археолог, вишкустос. Средствата за спроведување на истражувањата се обезбедени од Советот на град Скопје - Сектор за јавни дејности.
Филозофскиот факултет, Институтот за историја на уметноста и археологија - Скопје, ќе врши систематско археолошко истражување на локалитетот „Вардарски Рид” кај Гевгелија во периодот од 01.06. до 15.07.2007 година. Истражувањата ќе се одвиваат на површина од околу 250 м?, на Секторот - Источна тераса, односно на просторот околу т.н. „Куќа на колекционерот”. Со истржувањата ќе раководи проф. д-р Драги Митревски, археолог и корако-водителот д-р В. Ј. Најдингер, археолог од Фондацијата за археолошки и историски истражувања Тексас, САД ( TFAHR ). Проектот е финансиран од Министерство за култура на РМ, Филозофскиот факултет - Скопје и Фондацијата за археолошки и историски истражувања - Тексас.
Музејот на град Неготино во периодот од 01.06 до 10.07.2007 год. ќе врши сондажни археолошки истражувања на локалитетот „Градиште” кај Неготино. Истражувачките работи што ќе се спроведат низ три сонди ќе опфатат околу 75 м?, и тоа на јужниот, северниот и средишниот дел од населбата. Со истражувањата ќе раководи Киро Ангеловски, археолог, кустос-советник. Проектот е финансиран од Министерство за култура и локалната самоуправа.
НУ Конзерваторски центар Скопје, во рамките на Проектот за конзерваторскореставраторски интервенции, ќе врши сондажни археолошки истражувања на црквата Св. Никола, с. Љубанци. Сонди ќе бидат поставени на источната, северната и јужната страна од црквата, како и во нејзината внатрешност. Истражувачките работи ќе се одвиваат во период од 20.06 до 10.07.2007 година, под раководство на Дафина Михаилова, археолог, виш кон-зерватор. Средствата за овој проект се обезбедени од Годишната програма на Министерството за култура.
НУ Музеј на Македонија Скопје ќе врши систематски археолошки истражувања на локалитетот „Големо Градиште”, с. Коњух. , во период од 18.06 до 05.08.2007 год. Истражувачките работи ќе се одвиваат на Сектор ИИ, односно на северната тераса од локалитетот, под раководство на Горан Санев, археолог-кустос и проф. д-р Каролин С. Снивели од колеџот „Гитсбург”. Средствата за спроведување на истражувањата се обезбедени од грантот што го доделуваат „Lab klasikal lajbari“ (”Loeb Classical Library“) од Кембриџ, Масачусетс, САД и колеџот „Getisburg“ , Пенсилванија, САД. |