МУЗЕЈСКА ВИТРИНА
НУ Музеј Западна Македонија во НОВ Кичево е основана во 1980 година, со постојана поставка со историска тематика од Втората светска војна и мал дел од археологијата и етнологијата на овој крај. Историската поставка започнува со знамињата на бригадите кои делувале на територијата од Западна Македонија и ја прикажува борбата на македонскиот народ за слобода со посебен акцент на периодот од 1880 до 1941 год. Тука се сместени и експонати од формирањето на партизанските одреди од 1943 год., а преку макети се преставени и базата и печатницата од Лопушник, како и првото училиште на македонски јазик во с. Подвис.
|