Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр. 21, Јун. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [Информатори]

РЕГИОНАЛЕН СЕМИНАР НА ЕКСПЕРТИ

ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

ВО БУГАРИЈА, 15-20 ЈУНИ 2007

Во организација на УНЕСКО - Регионалната канцеларија во Венеција и Националната канцеларија на УНЕСКО во Република Бугарија, во Арбанаси од 15 до 21 јуни се одржа Семинар за нематеријално културно наследство на експерти од Југоисточна Европа.

Тема на овој семинар беше состојбата на нематеријалното културно наследство во секоја од земјите-учеснички, процесите на спроведување на Конвенцијата за нематеријално културно наследство, како и создавање на национални регистри за овој вид добра.

Целта на средбата беше поопстојно информирање на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција за:

  • Правната рамка и начините на кои е третирано нематеријалното културно наследство во земјите-учеснички;
  • законските надлежности на овластените субјекти за заштита на нематеријалното културно наследство во севкупниот систем за заштита на културното наследство;
  • состојбата на овој вид културно наследство во неговата изворна средина.

Средбата беше организирана како шестодневен интерактивен семинар на којшто, за одредени состојби во заштитата на нематеријалното културно наследство, свое излагање имаа и стручни лица, претставници од Република Македонија, поточно од Управата за заштита на културното наследство и од Државниот ансамбл за игри и песни „Танец”. На средбата зедоа учество експерти од осум земји од Југоисточна Европа.

За инструментите на заштита и нивната примена во дејноста на заштитата, како и за и овластените субјекти (законската регулатива, ратификувани конвенции, Национална класификација на културното наследство; евиденција на заштитени и незаштитени нематеријални добра; процесите на идентификација и валоризација) свое излагање имаше Ивона Опетческа-Татарчевска етнокореолог, соработник во Управата за заштита на културното наследство, во Одделението за духовно културно наследство, додека за состојбата на нематеријалното културно наследство во неговата изворна средина и за процесите на реконструкција и ревитализација на овој вид добра свое излагање имаше Велика Стојкова-Серафимовска, етномузиколог во Државниот ансамбл за игри и песни „Танец”.

Беа опфатени повеќе прашања и дилеми со кои се соочуваат стручните работници од оваа област на заштитата. Притоа, како акутни се наметнаа прашањата за:

  • автентичноста, во колкав обем и веродостојност се среќаваат фоклорните добра во нивната изворна средина;
  • авторските права за носителите на традицијата; а беше дискутирана и потребата од фокусирање на заштитарите и културните оператори кон процесите на:
    • ревитализација и реконструкција на позначајни фолклорни добра;
    • дали постои единствена методологија за заштита на овој вид добра.

[ Претходна страна ] [Информатори]