Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.25 - 26, Окт - Ное. 2007
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

ВТОРА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНТЕГРИРАНА ЗАШТИТА „МУЛТИДИС­ЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО ИНТЕГРИРАНАТА ЗАШТИТА”, БАЊА ЛУКА, РАПУБЛИКА СРПСКА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Од 29 до 30 октомври 2007 година во Бања Лука, Република Српска (Босна и Херцеговина), се одржа Втората регионална конференција за интегрирана заштита Мултидисциплинарен пристап во интегрираната заштита, во организација на Републичкиот завод за заштита на културно-историското и природното наследство на Република Српска од Бања Лука и Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир на Обединетите нации од Белград.

Конференцијата беше посветена на проширувањето на теориските и практичните сознанија од областа на интегрираната заштита, која како мултидисциплинарен пристап во третирањето на културното наследство наметнува низа проблеми, чие решавање зависи од многу актери кои учествуваат во уредувањето на просторот. Особено внимание беше насочено кон интеграцијата на културните политики, стратегиите и менаџментот во заштитата на културното и природното наследство во рамките на планирањето на регионот и правната регулатива во служба на интегрираната заштита и нејзиното спроведување во практиката.

На Конференцијата учествуваа стручњаци од Србија, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија. Од Република Македонија свое излагање имаше м-р Снежана Герасимова-Матеска, советник за интегр­ирана заштита во Управата за заштита на културното наследство, која, покрај освртот на теориските аспекти на интегрираната заштита на културното наследство, го презентираше и искуството на Република Македонија во интеграцијата на недвижното културно наследство во процесот на просторното и урбанистичкото планирање.


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]