МУЗЕЈСКА ВИТРИНА
Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип
Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Штип е основан во 1950 година кога е отворена првата музејска поставка. Во состав на Музејот во 1964 год. отворена е Уметничката галерија Безистен , а во 1972 год. постојаната Галерија на икони во црквата Св. Богородица, која во 1990 год. е поставена во црквата Св. Никола. Исто така, во музејскиот комплекс Аневи Гочеви отворена е постојана археолошка поставка, каде се изложени 958 предмети од времето на неолитот енеолитот, бронзенодобскиот, железнодобскиот, класичниот, македонскиот, римскиот, доцнантичкиот / рановизантискиот и средновековен период.
|