Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Информатор бр.28 - 30, Јан - Март. 2008
Култура / Culture

[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]

АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Оштетувања на археолошкиот локалитетот „Голема Пешта”, с. Здуње

Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство, по добиена писмена информација за недозволено копање, направи увид на археолошкиот локалитет „Голема Пешт” кај село Здуње, општина Македонски Брод. Притоа се канстатирани оштетувања на импровизираната ограда од локалитетот. Оштетувања се забележани и во внатрешноста на пештерата, каде што се евидентирани копања, со што е нарушен стратиграфскиот слој на просторот предвиден за истражување, а исто така е направен и откоп на два геолошки слоја од сондата каде што се вршени систематски ископувања, со што, пак, е предизвикано нарушување на хоризонталната стратиграфија на сондата.

 

Бидејќи станува збор за досега најстар истражуван локалитет од старо камено време во Македонија, инспекциската служба ги предложи следните мерки за заштита на локалитетот: да се санираат направените оштетувања на сондите во внатрешноста на пештерата; итно да се обезбеди отворот во пеш­терата со метална врата, со што ќе се заштити локалитетот од натамошните оштетувања, како и што поскоро да се преземат сите неопходни активности од страна на носителот на археолошкото систематско истражување, НУ Музеј на Македонија – Скопје, за финализирање на работите околу физичката заштита на археолошкиот локалитет.

 

 

Оштетување на мермерната статуа на Менада во Лапидариумот во Куршумли ан

По извршен увид во Лапидариумот во Куршумли ан, инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство констатира дека е направено оштетување на мермерната статуа на Менада од село Плешанци, Кратовско, сместена во Лапидариумот. Имено, оштетувањето е настанато при падот на статуата од намерно турнатиот постамент, при што е скршена на два дела. Исто така, при увидот е констатирано дека и останатите експонати кои се изложени и се чуваат во Лапидариумот се загрозени од оштетување. Од тие причини, инспекциската служба укажува на тоа дека имателот на заштитеното добро, НУ Музеј на Македонија, во согласност со Законот за заштита на културното наследство, треба итно да преземе соодветни мерки за чување на заштитените добра за да се спречи нивното натамошно оштетување.

Исто така, во соработка со Министерството за внатрешни работи, преземени се мерки за пронаоѓање на сторителите на ова кривично дело.

 


[ Претходна страна ] [ Наредна страна ]