НАРОДЕН МУЗЕЈ - СВЕТИ НИКОЛЕ
Зградата во која е сместена локалната установа Народен музеј - Свети Николе е изградена во периодот 1924-1926 година од минатиот век. Објектот е изграден за потребите на тогашната општинска администра-ција, па затоа и долго време го носи називот стара општинска зграда . Зградата е изградена во неокласичистички стил.
Формирањето на Општинската музејска збирка е во 1981 година и се должи на селектираниот и презентиран археолошки материјал.
Музејската збирка со зголемувањето на прибраниот материјал и фонд на предмети во 1994 година прерасна во Народен музеј - Свети Николе. Музејот содржи археолошка, етнолошка и историска поставка, како и просторот за повремени изложби.
Со натамошното уредување на музејскиот простор и завршувањето на градежно-занаетчиските работи, како и уредувањето на просторот пред зградата на Народниот музеј - Свети Николе, целосно ќе се заврши проектот за музејски простор како културен сегмент на градот.
|