Петта министерска конференција за културното наследство
во Југоисточна Европа
Културното наследство - мост за заедничка иднина
Во организација на Министерството за култура и верски работи на Романија, а под покровителство на Канцеларијата на УНЕСКО-БРЕСЦЕ од Венеција, на 20 септември 2008 година во Букурешт, Романија, се одржа Петтата министерска конференција за културното наследство во Југоисточна Европа под наслов: Културното наследство - мост за заедничка иднина , на која свое учество зема и делегацијата од Македонија предводена од министерот за култура на Република Македонија, г-ѓа Елизабета Канческа Милевска.
Во рамките на Конференцијата се одржа и редовниот состанок на Меѓународната работна група (член од Македонија е м-р Зоран Павлов) на која беа разгледани досегашните активности, а беа претставени и идните модели за соработка преку размена на знаење и позитивни практики на земјите во регионот.
На Конференцијата беше усвоена и Букурешката декларација која се заснова на начелата заштита, управување и промоција на културното наследство во регионот за да се позиционира културата меѓу приоритетите на државната политика. Промовирањето на културата како приоритет на државната политика е заеднички двигател на досегашната и идната соработка на земјите од регионот.
Со усвојувањето на Декларацијата честа да биде домаќин на следната министерска конференција во 2009 година и припадна на Црна Гора. |