Повеќе од 3500 артефакти пронајдени изминатата
година на македонските локалитети, се изложени на големата изложба
„Археологија 2011“, која е отворена во Музејот на
Македонија. На 18-те наоѓалишта, на кои се истражуваше во текот на 2011
година, археолозите открија дури 19000 археолошки пронајдоци, од кои
пред широката публика се претставени само највредните.
Владата на Република
Македонија донесе одлука за прогласување на тринаесет духовни културни
добра за културно наследство од особено значење. Седум од нив имаат
исклучително значење, категорија која има највисока национална
вредност, додека останатите шест добра се со големо значење. Меѓу
фолклорните добра кои добија статус на културно наследство од
највисокото, исклучително значење, се: ѓурѓовденските обичаи, кои,
освен кај Македонците, се празнуваат и кај етничките заедници во
земјава, како кај Албанците, Ромите, Власите и Турците
(Х’дерлез), и тоа на различен специфичен начин.
Владата на Република Македонија, на својата седница одржана на 21 јуни 2011 година, донесе 22 одлуки со кои дијалектите (говорите) на три најраспространети јазици во Република Македонија се прогласени за културно наследство од особено значење - поткатегорија исклучително значење. Се работи за дијалекти на македонскиот, турскиот и албанскиот јазик. повеќе
Највредните археолошки
експонати и најубавите икони од средновековието и од XIX век, фрагменти
од фрески, предмети од османлиско време, верски парчиња од Еврејската
заедница и многу други културни богатстава од тлото на Република
Македонија кои не можат, а да не предизвикаат восхит кај набљудувачот,
молчеливо раскажувајќи за животот, смртта, верувањата и страстите на
човекот кој од дамнина опстојувал на овие простори, се претставени на
голема изложба во музејот „Катаријнеконвент“ во
Утрехт, Холандија.
На покана од Министерството за
култура на Република Хрватска, на 18 и 19 март беше реализирана работна
средба на експерти за нематеријално културно наследство од двете земји.
На работната средба која ја отвори хрватскиот министер за култура, м-р
Јасен Месиќ, претставници од Република Македонија беа Ивона Опетческа
Татарчевска - етнокореолог, виш соработник за фолклорни добра во
Одделението за духовно културно наследство во Управата за заштита на
културното наследство и д-р Зоранчо Малинов, етнолог, директор на
Институтот за фолклор „ Марко Цепенков” –
Скопје.
Публикацијата
„Стратешки план за заштита и рехабилитација на Аквадуктот во
Скопје и неговата околина“ предвидува идентификација на
вредностите на Аквадуктот, негово историско, археолошко и
конзерваторско истражување, конзерваторско-реставраторски интервенции,
правење на парк за рекреација и организирање на активности кои ќе
вдахнат нов живот на ова културно добро
На традиционалната археолошка
изложба, која е одблесок од најновите откритија во текот на 2010
година, ќе бидат изложени седум илијади експонати, меѓу кои,
највредните парчиња, златните монети од Скопската тврдина и од
Виничкото Кале и депото со сребрените венецијански монети од Плаошник
Праисториска наколна населба
над водите од Охридско езеро и Римски кастел на зарамнетото плато од
ридот „Градиште“ меѓусебно комуницираат и му
овозможуваат на посетителот прошетка низ времето, ѕиркање во живот на
предците