-
Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица, без разлика дали се домашни или странски.
-
За пристапот до информациите од јавен карактер на УЗКН потребно е да поднесете усно, писмено или барање во електронска и друга форма, до имателот на информацијата – Управа за заштита на културното наследство.
-
Барањето испратете го до службеното лице на УЗКН надлежно за постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер:
УПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
ул. Павел Шатев бр. 3, 1000 Скопје
Службено лице: Марија Пујаз
е-пошта: m.pujaz@uzkn.gov.mk
За подетални информации околу правата и обрските на барателите и имателите на информации од јавeн карактер посетете ја веб страната на Комисијата за заштита на правото за сободен пристап до информациите од јавен карактер – www.komspi.mk
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Со кои располага Управата за заштита на културното наследство,
орган во состав на Министерство за култура
Во состав на Управата за заштита на културното наследство формирани се следните сектори:
1.Секторот за идентификација, заштита и користење на културното наследство со следните одделенија:
-одделение за недвижно културно наследство,
-одделение за интегрирана заштита на архитектонско урбанистичко наследство,
– одделение за движно културно наследство,
-одделение за нематеријално културно наследство,
-одделение за документација на културно наследство,
-одделение за правна заштита и нормативно правни рботи,
-одделение за архивски работи и техничка поддршка
2.Сектор за превенција и инспекциски надзор со следните одделенија :
-одделение за превенција на културното наследство,
-одделение за инспекциски надзор,
3.Сектор за регистрација ,катастар и дигитализација на културното наследство и ИТ со следните одделенија:
-одделение за регистрација и катастар на културното наследство,
-одделение за дигитализација на културното наследство и ИТ
4.Сектор за финансиски прашања со следните одделенија:
-одделение за сметководство,плаќања и јавни набавки,
-одделение за буџетска контрола, буџетска координација и координација на проекти.
Надлежности на Управата за заштита на културното наследство :
Управата за заштита на културното наследство е надлежна за вршење на управните и одредени стручни и други работи од областа на заштита на културното наследсто, а особено:
-Одлучува во прв степен по управни предмети од областа на заштита на културното наследство, донесувајќи решенија и други поединечни управни акти,
– Учествува во управни и други постапки во врска со културното наследство, и неговата заштита што ги водат други надлежни органи, давајќи мислење, согласности, претходни одобренија и сл,
– Ги врши работите на инспекциски надзор,
– Ги подготвува актите од областа на заштита на културното наследство што ги донесува Министерството за култура,
– Покренува иницијативи и поведува постапки пред надлежни органи за работи што се од јавен интерес за културното наследство и неговата заштита,
Го координира спроведувањето на националните и стратегиски значајните проекти, планови и програми во остварување на заштитата на културното наследство,
– Предлага Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство,
– Предлага Национален акциски план за превенција на криминалитетот против културното наследство, и го координира неговото спроведување,
– Ја предлага Приоритетната листа од членот 110 на овој Закон,
– Ја координира меѓународната соработка во врска со заштитата на културното наследство,
– Формира одбори за нематеријално, недвижно и движно културно наследство, како советодавни тела,
-Формира координативен одбор за заштита на културни добра во случај на воооружен судир и други постојани и привремени помошни тела,
– Ја следи и анализира состојбата на културното наследство и предлага акти и мерки за остварување, развој и унапредување на неговата заштита,
-Води централна евиденција и посебни национални инвентари на културното наследство во смисла на овој закон и ратификуваните меѓународни договори,
-Врши класифицирање според Националната класификација на културното наследство,
– Го води Националниот регистар на културното наследство,
-Ги врши работите поврзани со воспоставувањето, организирањето и развојот на Националниот информативен систем за културното наследство,
-Врши работи на безбедносна заштита на културното наследство (превенција од противправни дејства)
– Врши работи на заштита на културното наследство во случај на вооружен судир и природни непогоди,
– Врши работи на конзерваторски мониторинг и заштита на културното наследство од последици од загадувањето, управува со културното наследство во државна сопственост, согласно со закон,
– Ги врши работите во врска со остварувањето на правото на првенствено купување, експропријација, утврдувањето на правичните надоместоци, обебедувањето по пат на хипотека и други работи од имотно правна природа за културното наследство,
– Врши други работи утврдени со закон.
Легислатива
ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
Сл.Весник на РМ бр.20/04)
ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
Сл.Весник на РМ бр.71/04
Сл.Весник на РМ бр.115/07
Сл.Весник на РМ бр.18/11
Сл.Весник на РМ бр.148/11
Сл.Весник на РМ бр.23/13
Сл.Весник на РМ бр.137/13
Сл.Весник на РМ бр.164/13
Сл.Весник на РМ бр.38/14
Сл.Весник на РМ бр.44/14
Сл.Весник на РМ бр.199/14
Сл.Весник на РМ бр.18/15
Сл.Весник на РМ бр.104/15
Сл.Весник на РМ бр.154/15
Сл.Весник на РМ бр.192/15
Сл.Весник на РМ бр.39/16
Сл.Весник на РМ бр.11/18
ПРАВИЛНИЦИ
- Правилник за остварување на работите на безбедност на заштита на културното наследство и за образецот и начинот на издавање на легитимацијата на овластени службени лица за безбедност на културното наследство
(Сл. весник на РМ бр. 25/05) - Правилник за образецот на легитимацијата и изгледот на траката на ракавот на службеното лице за заштита односно на лицето за контрола на културното наследство во случај на вооружен судир и за начинот на нивното издавање
(Сл весник на РМ бр. 25/05) - Правилник за содржината и начинот на водење на Националниот инвентар на заштитени добра во случај на вооружен судир
(Сл весник на РМ бр. 25/05) - Правилник за Националниот регистар на културното наследство
(Сл весник на РМ бр. 25/05) - Правилник за употребата на знаци за културното наследство определени со меѓународен договор
(Сл. Весник на РМ бр. 25/05) - Правилник за образецот на легитимацијата на инспекторот за културно наследство и за начинот на нејзиното издавање
(Сл. весник на РМ бр. 92/04) - Правилник за конзерваторски истражувања
(Сл. весник на РМ бр. 111/05
- Правилник за археолошки истражувања
(Сл. весник на РМ бр. 111/05)
Образец А
Образец Б
Образец В
Образец Г
Образец Д
- Правилник за методологијата за изработка на заштитно конзерваторските основи за кутурното наследство
(Сл. весник на РМ бр. 111/05) - Правилник за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство
(Сл. весник на РМ бр. 111/05)
Упатство за примена на Правилникот за валоризација, категоризација и ревалоризација на КН
10.1 Правилник за изменување и дополнување на Правилник за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство
(Сл. весник на РМ бр. 130/13)
- Правилник за начинот и програмата за полагање испит за добивање на конзерваторска лиценца и за образецот на лиценцата
(Сл. весник на РМ бр.32/06)
- Конзерваторска лиценца
- Програма за полагање испит за добивање конзерваторска лиценца.
- Национална класификација на културното наследство
(Сл. Весник на РМ бр.37/06)
- Содржина за Националната класификација
- Образложение за Националната класификација
- Одлука за утврдување национална класификација на културното наследство
- Прилози за Националната класификација
- Правилник за конзерваторски проекти
(Сл. весник на РМ бр. 44/06)
- Правилник за содржината и начинот на водење на заштитните евиденции на културното наследство и добрата за кои основано се претпоставува дека претставуваат културно наследство, на дисперзираното и странското културно наследство, како и начинот на вршење на нивните ревизии
(Сл. весник на РМ бр. 10/08)
15.Правилник за формата и содржината на обрасците на дозволите и уверенијата за изнесување и извоз на културни добра во странство и начинот на издавање на дозволите и уверенијата
(Сл. весник на РМ бр. 105/08)
16. Правилник за содржината и начинот на водење на Регистарот за потеклото на движното културно наследство што е предмет на трговија, начинот на вршење контрола над водењето на Регистарот и обрасците што се употребуваат
(Сл. весник на РМ бр. 11/10)
16.1 Правилник за изменување на Правилникот за содржината и начинот на водење на Регистарот за потеклото на движното културно наследство што е предмет на трговија, начинот на вршење на контрола над водењето на регистарот и обрасците што се употребуваат
(Сл. весник на РМ бр. 47/2014)
17. Правилник за формата и содржината и содржината на образецот на барање за добивање конзерваторско одобрение и за формата и содржината на образецот на барање за издавање на конзерваторско одобрение
заради недонесување на решение за одбивање на барањето
(Сл. весник на РМ бр. 04/2012)
18. Правилник за формата и содржината на образецот на барање за добивање дозвола за археолошки истражувања и за формата и содржината на образецот на барање за издавање на дозвола за археолошки истражувања заради недонесување на решение за одбивање на барањето
(Сл. весник на РМ бр. 04/2012)
19. Правилник за формата и содржината на образецот на барање за добивање Претходно заштитно-конзерваторско одобрение и за формата и Содржината на образецот на барање за издавање на претходно Заштитно- конзерваторскo одобрение заради недонесување на Решение за одбивање на барањето
(Сл. весник на РМ бр. 04/2012)
20. Правилник за формата и содржината на образецот на барање за добивање одобрение за употреба на опрема за детекција и за формата и содржината на образецот на барање за издавање на одобрение за употреба на опрема за детекција заради недонесување на Решение за одбивање на барањето
(Сл. весник на РМ бр. 04/2012).
21.Правилник за соодветноста на видот на образованието и описот на заедничките и посебните стручни звања во установите од областа на дејностите за заштита на културното наследство
(Сл. весник на РМ бр. 11/2013)
Акти кои во своето работење во прв степен ги издава Управата за заштита на културното наследство: