Одржан работен состанок помеѓу Управата за заштита на културното наследство и Турската агенција за соработка и координација – ТИКА

На 26.9.2023 година во просториите на Управата за заштита на културното наследство се одржа работен состанок помеѓу Управата за заштита на културното наследство и Турската агенција за соработка и координација – ТИКА со цел утврдување на досегашната континуирана успешна соработка и разгледување на состојбата и реализацијата на тековните и претстојните … Прочитај повеќе

Одржан работен состанок помеѓу Управата за заштита на културното наследство, Универзитетот Сапиенца во Рим и непрофитната организацијата Униадрион

На ден 4.9.2023 година во просториите на Управата за заштита на културното наследство се одржа работен состанок по повод остварување заедничка соработка помеѓу Управата за заштита на културното наследство, од една страна, и Универзитетот Сапиенца во Рим и непрофитната организацијата Униадрион, од друга. На состанокот присуствуваа м-р Зоран Павлов- директор … Прочитај повеќе

Официјален старт на проектот ,,Размена на знаења за конзервација и иновативно управување со културното наследство меѓу Италија и Северна Македонија“

На 15 февруари 2022 година, беше означен офицјалниот почеток на проектот „Размена на знаења за конзервација и иновативно управување со културното наследство меѓу Италија и Северна Македонија“ кој се спроведува во партнерство помеѓу Управата за заштита на културното наследство и ИКОМОС Македонија, заедно со Центарот за конзервација и реставрација „Ла … Прочитај повеќе

Делегација од Управата за заштита на културното наследство присуствуваше на Генералното собрание на државите потписнички на Конвенцијата за светско наследство на УНЕСКО во Париз

На 27 и 28 ноември 2019 год., во седиштето на УНЕСКО во Париз, се одржа 22. Сесија на Генералното собрание на земјите потписнички на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. На Генералното собрание, како дел од македонската делегација, присуствуваа директорот на Управата за заштита на … Прочитај повеќе

Промотивен настан за отпочунување со реализација на проектот “Конзервација и ревитализација на манастирот Св. Богородица Елеуса во с. Вељуса – Струмица”

На ден 27.09.2019 година во манастирот „Св. Богородица Милостива (Елеуса)“ во струмичкото село Вељуса, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, Хусни Исмаили го потпишаа Договорот за користење на грантот од амбасадорскиот фонд на САД, наменет за реализација на проектот Конзервација и ревитализација на манастирот … Прочитај повеќе

43 сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Баку, Азербејџан

Од 30 јуни до 10 јули во Баку, Азербејџан сe одржува 43 сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Меѓу повеќе од 2.000 учесници, 21-членки на Комитетот за светско наследство ги разгледуваат состојбата на заштитата на светското наследтво на 166 локалитетикако и ќе разгледување на 38 локалитети за потенцијално … Прочитај повеќе

Меѓународен форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО

На 4 и 5 јули во Битола се одржа првиот Меѓународен форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО на тема, „Улогата на иновациите и едукацијата во локалниот развој на градовите“. На Форумот присуствуваа претставници од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, Кинотеката, невладиниот и … Прочитај повеќе

Остварени работни средби во Советот на Европа

Директорката на Управата за заштита на културното наследство, д-р Елеонора Петрова-Митевска од 19 -20 јуни 2019 год. оствари работна посета на Советот на Европа во Стразбур. Во текот на посетата беше одржан работен состанок на највисоко ниво со г-ѓа Габриела Батаини-Драгони, Заменик-Генерален секретар на Советот на Европа на кој се … Прочитај повеќе

Отворена средба со д-р Мартин Першлер, Програмски директор на Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство од Центарот за културно наследство на Стејт Департментот на САД

Денес, 31 мај 2019 година, Управата за заштита на културното наследство во соработка со Амбасадата на Соеднинетите Американски Држави и Националната Галерија, организираа отворена средба со д-р Мартин Першлер, Програмски директор на Амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство од Центарот за културно наследство на Стејт Департментот на САД од … Прочитај повеќе

Едукативен час ,,Го сакам и се грижам за моето културно наследство“ во Охрид

Во пресрет на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, на 17 април 2019 година,  во црквата Св.Софија во Охрид, се одржа вториот едукативен час на тема ,,Го сакам и се грижам за моето културно наследство“, во организација на Управата за заштита на културното наследство, а во соработка со ОУ ,,Григор … Прочитај повеќе