Семинар за градење капацитети во човечки ресурси за подготовка на периодични извештаи за УНЕСКО

Од 28-30 септември се одржа онлајн семинар за градење капацитети во човечки ресурси за подготовка на периодични извештаи за нематеријални добра впишани во УНЕСКО според Конвенцијата 2003.

Новиот систем за поднесување периодични извештаи кои ги воведува УНЕСКО стапуваат на сила од јануари 2027 година и предвидуваат целосна промена на форматот и механизмите на известување во врска со состојбата на елементите на терен. Извештаите ќе се изготвуваат врз основа на 26 индикатори, преку кои ќе се оценува состојбата на впишаните елементи во трите УНЕСКОви листи.

УНЕСКО за оваа цел подготви посебна платформа на која можат да се најдат микро модулите за самостојно учење и тоа во форма на водич за планирање на процесот на известување, односно драфт формуларите кои ќе бидат користени а кои беа претставени на овој семинар.

Отворената дискусија на националните координатори за имплементација на Конвенцијата 2003, отвори бројни дилеми околу начинот на собирање на податоците, особено важноста на верификацијата и релевантноста на истите, имајќи предвид дека информациите кои државите досега ги поднесуваа во извештаите, не соодветствуваа со реалните состојби на заштитените елементи од нематеријалната култура.

На интерактивните работилници на замислени студии на случај, беа отворени и прашања за квалитетот и квантитетот на учесниците во процесот на известување, од кои може да се добијат веродостојни информации за аналитичка проценка и подготовка на периодичните извештаи кои државите ќе треба да ги поднесат до УНЕСКО, одново за секое впишано добро (вклучително и за мултинационалните номинации) до јуни 2027 година.

Bookmark the permalink.

Comments are closed