Офицерскиот дом во Битола е прогласи за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење

Владата донесе Одлука, Офицерскиот дом во Битола, да се прогласи за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење. Oдлуката се носи на предлог на Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство. Со содржините кои почнаа да се одвиваат во овој магичен простор … Прочитај повеќе

Споменикот Аквадукт во Скопје е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

На 66 седницата одржана на 20.04.2021 година, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, Владата на Република Северна Македонија го прогласи Споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Аквадуктот во Скопје е ставен под заштита … Прочитај повеќе

Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис”, во Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

На седницата одржана на 05.06.2018 година Владата на Република Македонија ja прогласи Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис”, во Битола за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Својството споменик на културата на Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис” е утврдено со Решение бр.1040 од 27.07.1950 година на централен завод Скопје … Прочитај повеќе

Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај, е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

На седницата одржана на 03.04.2018 година Владата на Република Македонија го прогласи Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај, за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Својството споменик на културата на Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај е утврдено со Решение бр.27/49 од 22.02.1968 година, на Заводот за заштита … Прочитај повеќе

Во УНЕСКО впишани две нови нематеријални културни добра од Република Македонија

  На 12. состанок на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО-вата Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото, кој се одржа од 03 до 10 декември 2017 година на островот Чеју во Јужна Кореја, (Jeju, South Korea) се впишаа две нематеријални добра на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на … Прочитај повеќе

Спомен – куќата на Лазар Личеноски во Скопје е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

Со Одлука бр. 44-5363/1 од 10.10.2017 година објавена во  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/17) Владата на Република Македонија ја прогласи Спомен – куќата на Лазар Личеноски во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Спомен-куќата на Лазар Личеноски во Скопје, како архитектонска творба, е дело на … Прочитај повеќе

Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

Со Одлука бр. 44-5365/1 од 10.10.2017 година објавена во  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/17) Владата на Република Македонија ја прогласи Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Својството споменик на културата на Црквата Св.Ѓорѓи Победоносец, во … Прочитај повеќе

Шарена џамија во Тетово е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

Со одлука на Владата на Република Македонија со број 44-781/1 од 14.03.2017 година Верскиот комплекс Шарена џамија во Тетово е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење која гласи: Врз основа на член 41 став 2 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на Република … Прочитај повеќе