Во периодот од 04 до 08 мај 2026 година, во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, се реализираше првиот пилот „Ориентационен курс за стабилизација и реконструкција“ за персоналот во Министерството за одбрана и Армијата, во рамки на НАТО Целта на способност S1106. Овој значаен курс е резултат на повеќегодишна соработка со Центарот за студии за постконфликтни операции (PCOSC) од Торино и Министерството за одбрана на Република Италија.

Во рамки на обуката, експертски тим од УЗКН одржа специјализирано предавање на темата „Културното наследство во кризни контексти“. Главната цел на овој ангажман беше пренување на суштинските институционални знаења, меѓународните протоколи и практичните механизми за заштита на културните добра при воени конфликти и кризни состојби.
Преку оваа успешна соработка, Управата за заштита на културното наследство уште еднаш го потврди својот висок експертски капацитет и подготвеност за унапредување на цивилно-воената соработка, давајќи директен придонес во зачувувањето на културните добра во кризни и конфликтни контексти.

