Оддржано 11то Генерално собрание на Конвецијата 2003 во Париз

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Република Франција, од 17-19 јуни се одржа 11. Генерално Собрание на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство (2003) на која беа рагледувани повеќе прашања поврзани со заштитата на овој вид наследство.  Единаесеттата сесија на Генералното собрание на државите потписнички на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство ги отвори прашањата за клучните приоритети за идното спроведување на Конвенцијата, со цел зајакнување на меѓународната соработка и поддршка на државите и заедниците ширум светот во заштитата и пренесувањето на нивното живо наследство.

Главните точки на дневен ред беа извештаите до Генералното собрание од страна на Меѓувладиниот комитет и на Секретаријатот за нивните соодветни активности (јануари 2024 до декември 2025 година), предложените ревизии на Оперативните директиви за спроведување на Конвенцијата, Планот за користење на ресурсите на Фондот за нематеријално културно наследство во 2026 и 2027 година, акредитацијата на нови невладини организации, како и изборот на дванаесет нови членови на Комитетот.

Претставници на Република Македонија на Генералното Собрание во Париз беа Рефат Хајдари министер советник во Амбасадата на РМ во Франција и м-р Ивона Опетческа Татарчевска виш соработник за фолклорни добра и овластен раководител на Секторот за меѓународна соработка, документација и дигитализација, која имаше и кратко обраќање на тема успешни проекти од заштитата на нематеријалното културно наследство во процесот на имплементација на Конвенцијата кај нас.

Bookmark the permalink.

Comments are closed