Директорката на Управата за заштита на културното наследство д-р Елеонора Петрова Митевска во придружба на м-р Зоран Павлов – Раководител на Сектор и м-р Билјана Јовановска овластен Раководител на Сектор во Управата на 17.08.2018 година беа во посета на археолошкиот локалитет Пилав Тепе, во с. Шопур, Штип, каде се работи на површина опфатена со градежните работи за експресниот пат Штип – Радовиш. Целта на истражувањата е одредување на стратиграфијата на локалитетот, идентификација на границите, документација и заштита на пронајдетите археолошки содржини.
Наодите имаат широк хронолошки дијапазон од неолитот до средниот век, а особено бројни се наодите на рачно работена керамика од 5-4 век ст.е. , како и сива пајонска керамика со хеленизирасни форми.
Според одредени истражувачи на овој простор се наоѓал пајонскиот град Астраион , кој е познат по убиството на Деметриј од неговиот брат Персеј синови на Филип 5.
Потребни се поопстојни истражувања за докажување на претпоставката за постоењето на Астраион на овие простори, бидејки наодите од 3-2 век стара ера недостасуваат.
Директорката на Управата на локалитетот оствари средба со директорот на Завод и Музеј Штип Митко Штерјов и со заменик генералниот директор на. Друштвото за производство, трговија и услуги БУЧИМ ДОО – Радовиш г-дин Николајчо Николов, каде што се разговараше за соработка во повеќе сфери во заштитата на културното наследство.