За вршење на управните, стручните и други работи од областа на заштитата на културното наследство со Законот за заштита на културното наследство од 19 март 2004 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/04), основана е Управата за заштита на културното наследство, како орган во состав на Министерството за култура, од годинава преименувано како Министерство за култура и туризам.
Управата за заштита на културното наследство отпочнува со работа на 10 мај 2004 година, денот кога е именуван нејзиниот прв директор.