Работен состанок со претставници на Генералштабот на Карабинерите на Италијанската Република

Во Управа за заштита на културното наследство беше остварен работен состанок со претставници на Генералштабот на Карабинерите на Италијанската Република, со посебен фокус на заштитата на културното наследство и управувањето со ризици. На состанокот беа разменети искуства и добри практики во делот на превенција, подготвеност и одговор на ризици кои го загрозуваат културното наследство, особено во услови на природни катастрофи, вонредни состојби и незаконити активности.

Посебно внимание беше посветено на институционалната соработка, интерсекторската координација и можностите за унапредување на капацитетите преку обуки и заеднички активности. Состанокот претставува значаен чекор кон јакнење на меѓународната соработка и развој на ефикасни механизми за заштита и управување со ризици во областа на културното наследство.

Bookmark the permalink.

Comments are closed