Македонската Гајда впишана на Репрезентативната листа на УНЕСКО

Со гордост објавуваме дека нашата традиција на „Традиционална изработка и свирење на гајда“ е официјално впишана на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото на 19. сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита на нематерјалното културно наследство.

Ова е голем успех на културната дипломатија на светко ниво и голема инспирација за Македонските гајдаџии да творат и создаваат бидејќи најголемата заслуга е нивна.
Овој успех е резултат на тимска работа на повеќе инститиции , научни работници , поединци како и на административните службеници од Управа за заштита на културното наследство и националната комисија на УНЕСКО за Македонија при Министерство за култура

Bookmark the permalink.

Comments are closed