Управата за заштита на културното наследство ја известува заинтересираната јавност дека Министерството за животна средина и просторно планирање организира 3 јавни расправи за Нацрт Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. и за Стратешката оцена за влијанието врз животната средина на истиот.
Јавните расправи ќе се одржат во:
– Скопје на 11.11.2019 г. во Клубот на пратеници со почеток во 12:00 часот (Агенда)
– Охрид на 12.11.2019 г. во Дом на култура „Григор Прличев„ со почеток во 12:00 часот (Агенда)
– Струга на 12.11.2019 г. во салата на Советот на општината, со почеток во 15:30 часот (Агенда)
Нацрт Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. и за Стратешката оцена за влијанието врз животната средина се достапни на следнава врска: http://www.moepp.gov.mk/?page_id=3194