Одбележување на Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство

Денес, 17 октомври, го славиме Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство кој Македонија го одбележа во Собранието на Република Македонија, со свечена седница на собраниската Комисијата за култура.


Ми беше чест да споделам со јавноста дека Управа за заштита на културното наследство во изминатите 20 години овалоризирани се 29 јазични добра и 48 официјално впишани фолклорни добра кои во моментот се наоѓаат во третата книга од Македонскиот национален регистар за културно наследство. Одделението за нематерјално културно наследство изминатите години работеше на негова промоција со бројни стратегии соработувајќи со Националната канцеларија на УНЕСКО во Македонија со впишување на пет добра на листите на УНЕСКО ” Гласоечко пеење на Ургентната листа а Копачката , Четрсе, Х’д’рлез и Мартинките на Репрезентативната листа на УНЕСКО.


Остануваме посветени кон исполнување на целите на заштитата во насока на враќање и зајакнување на законските ингеренции на Управата за подобра заштита на култутното наследство.

Нека ни е честит светскиот ден на нематеријалното културно наследство!

Bookmark the permalink.

Comments are closed