Денес во Управата за заштита на културно наследство в.д. директорката на Управата, Весела Честоева одржа работен состанок со Горан Патчев, в.д. директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, Кирил Илоски, раководител на Секторот за урбанизам и управување со градежното земјиште, како преставник на Општина Охрид и претставник од Управата Билјана Јовановска, раководител на Секторот за заштита, идентификација и користење на културното наследство во УЗКН.
На состанокот се разговараше за проблемите кои ги има Општина Охрид, особено со управувањето со светското културно наследство на Охридскиот регион, како и со непостапувањето на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридски регион, која веќе подолг период не одговара на Барања за добивање Мислење за Заштитно конзерваторските услови доставени од страна на НУ Завод за заштита на спомениците културата и Музеј Охрид кои се потребни за изработка на соодветни конзерваторски проекти. Сето ова укажува на потреба за поголема транспарентност во комуникацијата на институциите за заштита на културното наследство и Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридски регион.
Исто така стана збор и за реализација на проектите за катната гаража кај пазарот во Охрид, гимназијата и основното училиште Св. Климент во Охрид.
Беше разгледана и идејата да се покрене иницијатива за измена на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, како и за усогласување на Законот за заштита на културното наследство и Законот за градење.