Денеска, 15 ноември 2024 година, во Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура и туризам со својство на правно лице, се одржа седница на Работната група за изработка на Национлната стратегија за заштита и користење на културното наследство 2025 -2029 година.
Нацоналната стретегија е документ од плански карактер кој произлегува од Законот за заштита на културното наследство и има задача да постави долгорочни основи за креирање политики во сопфатното делување на културното наследство, како еден од најсуштинските елементи на општеството.
Задачата што ја има овојпат Работната група е дополнително поодговорна, бидејќи сега во состав на Министерството е вклучен и туризмот, сегмент кој треба високо да го позиционира културното наследство во системот на делување на државата, и во однос на идентитетот и во однос на економската придобивка.
За изработка на Националната стратегија ангажирани се докажани професионалци во своите области, универзитетски професори и практичари од установите за заштита на културното наследство.
Весела Честоева, в.д. директор
Управа за заштита на културното наследство