Денес 18.02.2026 година во Порта Македонија се одржа јавна презентација на Нацрт – Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за период 2026–2030 година. Во Нацрт – Стратегијата се утврдуваат визијата, приоритетите и насоките за системска, современа и одржлива грижа за културното наследство на државата.

Управата за заштита на културното наследство, согласно член 49 од Законот за заштита на културното наследство има обврска да изработи Нацрт – Национална стратегија за заштита и користење на културното налседство (2026-2030) кој ќе претставува прв стратешки документ од областа на заштитата и користењето на културното наследство што во следниот период ќе биде донесен.

Нацрт-стратегијата е резултат на стручна анализа, институционална координација и произлегува од потребата за усогласување со меѓународните стандарди и добри практики во областа на заштитата, управувањето со ризици, дигитализацијата и одржливото користење на културното наследство.

Во фокусот на овој документот кој е изработен во форма на широка дефинирана платформа се:
- Анализата на состојбата со културното наследство;
- Унапредување на нормативната и институционалната рамка, како и
зајакнување на капацитетите за заштита и конзервација;
- Интегрирање на културното наследство во развојните политики;
- поттикнување на јавната свест и едукација;
Развој на одржливи модели на користење и валоризација преку примена на современи технологии и дигитални алатки.

Нацрт- стратегијата е изработена од страна на стручна работна група формирана со решение на УЗКН, составена од претставници на релевантни институции од областа на заштитата на културното наследство, експерти, научни работници и практичари со силна поддршка од стручните служби на Министерството за култура и туризам.

Работната група во текот на изработката спроведе анализа на постојната состојба, ги согледа предизвиците во системот на заштитата и управувањето со сèвкупното културно наследство, и ја зема во предвид потребата од усогласувањето со меѓународните стандарди и добри практики.

Јавната презентација имаше за цел транспарентно претставување на стратешките определби и отворање простор за стручна и јавна дискусија по сите горливи прашања во заштитата и користењето накултурното наследство.

Со оваа стратегија поставуваме рамка за негова долгорочна заштита и активно користење во функција на одржливиот развој и општествената благосостојба, со што остануваме посветени на културното наследство како темел на нашиот идентитет и заедничка одговорност.



