Со финансиски средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија се започнаа активностите за превентивна конзервација на фреските на црквата Св. Ѓорѓи во село Курбиново кои потекнуваат до 1191 година. Со овие припремни работи ќе се овозможат понатамошни активности за целосна конзервација на архитектурата на црквата. На увид на козерваторските работи денес беа директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов, директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола, д-р Мери Стојанова и градоначалникот на општина Ресен, Д-р Живко Гошаревски. Носител на конзерваторските активности е НУ Завод за заштита на спомениците на кулутрата и Музеј Битола.