Во текот на вчерашниот ден Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоеава поранешниот раководител на археолошките ископувања проф. д-р Драги Митревски и државниот секретар во Министерството џа култура Марија Ѓоргова ја посетија Скопската тврдина Кале и извршија увид на состојбата во која се наоѓа ова недвижно културно наследство.
За жал уште на самиот влез може да се види дека Скопската тврдина Кале е целосно запуштена. Вегетацијата која не се одржувала, освен централниот дел и тоа при ретките официјални посети на високи функционери, целосно ја има обраснато тврдината, а некој делови се целосно непристпани. Целосно изградените музеи на предвидени за поставките на археолошките предмети од праисторискиот и отоманскиот периот се целосно запуштени, а видливи се и делумни оштетувања, а музејот предвиден за поставката на археолошките предмети од средновековниот период кој не е дограден е целосно обраснат од вегетација. Освен тоа видливо е дека во последните 7 години воопшто не е инвестирано за било какви интевенци за непосредна зашитита, односно за конзервација на откриените објекти.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоеава и поранешниот раководител на археолошките ископувања проф. д-р Драги Митревски, разговараа за потенцијалот кој Скопската тврдина Кале го има не само како археолошки локалитет туку и како туристичка атракција со оглед на тоа што за време на посетата Калето беше посетено од стотина туристи. При посетата е заклучено дека Скопската тврдина Кале треба што е можно поскорo да се ревитализира како би станала активна турискичка атракција за промоција на нејзината богатата историја.