Во текот на месец ноември НУ Музеј Куманово изведува сондажни археолошки истражувања на просторот на локалитетот “Градиште“ во атарот на селото Младо Нагоричане, на околу 15 км. североисточно од Куманово.
Од досегашните истражувања, кои се започнати пред повеќе години, на просторт на акрополата,откриени се градежни структури досега непознати во кумановската област. Имено,според градењето,а најповеќе според движните наоди (керамика, монети) се работи за голема населба која културно и хронолошки припаѓа на 3 век п.н.е. и можеме да заклучиме дека се работи за засега, најсеверната пајонска населба во рамките на Република Македонија.
Истражувачките работи се одвиваат на три сектори: “Акропола“, “Средна Тераса“ а во моментот на надзорот се истражува “Западната тераса“ од локалитетот.
Од движни наоди откриени се монети од Аудолеон и Деметриј Полиоркет кои несомнено го потврдуваат пајонскиот културен профил на населбата.
На 14.11.2018 г. претставници на Управата за заштита на културното наследство д-р Елеонора Петрова Митевска, директор и д-р Звонко Николовски, раководител на сектор за инспекција при УЗКН беа во посета на археолошкиот локалитет и констатираа дека оваа значајна хеленистичка населба треба да биде снимена и докумнетирана со современа ИТ технологија.