Во просторите на Управа за заштита на културното наследство денес, 26.03.2026 година, по над две децении од постоењето на институцијата, беше потпишан првиот поединечен Колективен договор меѓу работодавецот и вработените. На големо задоволство на вработените во Управата, директорката Весела Честоева, и Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при УЗКН го потпишаа договорот со кој се регулираат поповолни права меѓу кои и зголемување на платите за 7% во три последователни циклуси во периодот од 2026 до 2028 година. Ова претставува значаен и историски момент за нашата институција. Овој договор е резултат на посветен дијалог, разбирање и заедничка волја да се создадат подобри услови за работа и професионален развој на сите вработени. Упатуваме благодарност до Влада на Република Северна Македонија, премиерот проф д-р Христијан Мицкоски и Синдикатот на УПОЗ. Ова не е само административен чекор – ова е чекор напред кон посилна, поорганизирана и поодговорна работна средина.
Веруваме дека овој Колективен договор ќе биде почеток на една нова ера на соработка, стабилност и напредок за сите.

