Согласно издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија во врска со преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) Управата за заштита на културното наследство ги известува странките дека од денес и во наредните 14 дена доставувањето и издавањето на документите (Уверенија и Дозволи) за извоз и изнесување на незаштитените добра ќе се одвива исклучиво по електронски пат.
Мејл за контакт: a.arsovski@uzkn.gov.mk