Денеска напладне, во просториите на Управата за заштита на културното наследство, во пријатна работна атмосфера се изврши примопредавање на функцијата директор.
Г-ѓа Весела Честоева функцијата в.д. директор на Управата за заштита на културното наследство, ја презеде од нејзиниот претходник в.д. директорот Зоран Павлов, обврзувајќи се на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност.
Досегашниот в.д. директор Павлов ја запозна директорката Честоева со актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува.