Директорката на Управата за заштита на културното наследство, г-ѓа Весела Честоева, заедно со изведувачот на работите “Митан Пром” од Охрид и градежниоте надзор од страна на фирмата “Конструктор” од Струга, како и претставници од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, извршија увид на досегашните градежни работи на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник.
По извршениот увид на работите од страна на Управата за заштита на културното наследство која во склоп на Владата на Република Македонија е инвеститор на Возобновувањето на Светиллиментовиот Универзитет на Плаошник, ја информира јавноста дека изминатите години многу малку е вложено во реализацијата на овој капитален проект, при што дојдено до целосен застој на градежните работи потребни за реализација на овој капирален проект, а исто така е дојдено и до оштетување објектите кои оставаат лоша слика за туризмот на нашиот бисер Охрид кој претставува лулка на Христијанството.
По повеќегодишно запоставување и оштетување со обезбедени 31 милион денари од Владата на Република Македонија со ребалансот на Буџетот со што продолжува изградбата и реализација на Проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.