Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура, согласно Програмата на Владата на Република Македонија ги води следниве проекти:
- Проект – Археолошки катастар/топографија на Република Македонија
- Проект – Истражувања, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација на Античкиот театар во Скупи
- Проект за Реконструкција на манастирскиот комплекс „Свето Преображение“ во с. Зрзе
- Проект за Возобновување на Св.Климентовиот Универзитет на Плаошник
- Проект за Публикации за најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство
- Проект за Реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс Св. Богородица Перивлепта во Охрид
- Проект за ревитализација на Скопско кале