Работен состанок со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Република Грција

Во просториите на Управа за заштита на културното наследство денес беше остварен продуктивен и значаен состанок со претставници од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Република Грција. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во областа на заштитата, конзервацијата и промоцијата на византиското и поствизантиското културно наследство.

 Посебен акцент беше ставен на размена на стручни искуства, заеднички проекти, како и на потенцијални иницијативи за поврзување на институциите и експертите од двете држави. Состанокот помина во конструктивна атмосфера, со јасна подготвеност за продолжување и проширување на заедничките активности во иднина.

 Овој чекор претставува важен придонес кон унапредувањето на меѓународната соработка и зачувувањето на нашето богато културно наследство.

Bookmark the permalink.

Comments are closed