Работна посета на археолошките истражувања на локалитет Градиште, село Горно Бањица

Во текот на денешниот ден, Весела Честоева, в.д. директорката на Управата за заштита на културното наследство, изврши работна посета на археолошките истражувања на локалитет Градиште, село Горна Бањица. Покрај директорката на Управата за заштита на културното наследство присуствуваше и Цветанка Хаџи-Пецова, в.д. директорката на НУ Национален конзерваторски центар, надлежна установа за заштита на недвижното културно наследство која е носител на дозволата за археолошките истражувања.

При посетата се увид дека локалитетот Градиште преставува скромно утврдување кое биле опслужувано со мала посада со цел да го контролира локалниот пат кој поминувал од Полошката котлина кон Кичево.

Археолошкиот локалитет е евидентиран како утврдена населба од железното време, доцната антика и средниот век се истражува од страна НУ Национален конзерваторски центар во соработка со НУ Археолошки музеј на Северна Македонија, раководител проф. д-р Антонио Јакимовски од Филозофскиот факултет, а истражувањата се финансирани од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.

Bookmark the permalink.

Comments are closed