Работна посета на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Загреб

Во својство на директор на Управа за заштита на културното наследство , заедно со Г- ѓа Ивона Опетчевска Татарчевска , раководител на Сектор за Меѓународна дејност ја остварив својата прва официјална посета на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Загреб – институција со особено значење за промоција на македонската култура, јазик и уметност во Хрватска.

Средбата со директорката на Kulturno informativni centar Republike Sjeverne Makedonije u Zagrebu Г- ѓа Мими Ѓоргоска Илевска беше пријатна и конструктивна, со разговори насочени кон унапредување на културната соработка меѓу двете земји, размена на уметнички програми и создавање простор за заеднички проекти. Особено беше истакнато значењето на одржувањето на културниот идентитет преку активности насочени кон македонската дијаспора во Хрватска.


Имавме можност да разгледаме дел од изложбениот простор, како и тековните културни програми што КИЦ Загреб ги реализира во соработка со уметници, институции и културни дејци од Македонија и регионот.

Посетата беше поттик за идни иницијативи и партнерства кои ќе придонесат за понатамошна видливост на македонската култура надвор од границите на државата. Изразувам искрена благодарност за топлиот прием и за посветената работа на КИЦ Загреб во промоцијата на нашата културна политика.

Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

67 + = 73