Работна посетна на Македонскиот култрно – информативен центар во Истанбул по повод World Bagpipe Day

На покана на директорот на Македонскиот култрно – информативен центар во Истанбул, м-р Диме Ратајкоски, а по повод World Bagpipe Day, на 10 март 2026 година, имав чест да учествувам заедно со м-р Ивона Опетческа – Татарчевска, експерт за нематерјално културно наследство, на панел дискусија посветена на значењето и зачувувањето на гајдата како еден од најпрепознатливите традиционални инструменти на македонската музика.

На панел дискусијата учествуваа и претставници од Турското министерство за култура и туризам и заменикот директор на Управата за културно наследство, како и истакнати дипломати и бизнисмени од Бурса и Истанбул.

Гајдата претставува силен симбол на нашиот културен идентитет, традиција и духовно наследство. Во рамките на дискусијата разговаравме за потребата од континуирана заштита, промоција и пренесување на ова богато музичко наследство на младите генерации, како и за улогата на институциите, музичарите и истражувачите во неговото зачувување.

Настанот посвететен на овој ден е потсетник дека традицијата живее преку луѓето кои ја негуваат и ја пренесуваат. Грижата за нематеријалното културно наследство е наша заедничка одговорност, но и гордост која ја споделуваме со светот.

Во рамките на панел дискусијата имавме можност да го чуеме звукот на македонската гајда преку изведбата на Љупчо Најдоски од Македонски Брод како и турскиот тулум во изведба на Мустафа Беј од Истанбул.

Bookmark the permalink.

Comments are closed