По долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша договорот за завршување на двата музеи на Праисторискиот и Османлискиот период на Скопското Кале – еден од најзначајните симболи на културното наследство на Македонија.
Со овој договор предвидено е целосна санација и адаптација на овие два објекта со што овој вреден простор ќе биде збогатен со дополнителни содржини кои ќе претставуваат сведоштво за континуитетот на животот во Скопје низ милениумите. Средствата за овој капитален проект се обезбедени од страна на Владата Република Македонија со ребалансот на Буџетот за 2025 година , а инвеститор е Управата за заштита на културно наследство орган во својство на правно лице во Министерство за култура и туризам. Работите се одвиваат во координација со стручните тимови на Управата за заштита на културното наследство .

Работите ќе ги изведува економскиот оператор Нет инвест гроуп чија понуда за јавната набавка за услуги – одржување на објекти и сервисирање на опрема – Скопско Кале, Музеј на праисторија и Музеј на Отомански период, од страна на комисијата за јавни набавки, беше избрана како најповолна согласно Законот за јавни набавки.
Со завршување на постапка за јавната набавка и потпишување на договорот за јавната набавка за услуги – одржување на објекти и сервисирање на опрема – Скопско Кале, Музеј на праисторија и Музеј на Отомански период започнуваме со активности на санирање на музејите и опремата со што конечно, после 7 години на одлагање ќе се овозможи ставање во функција на музеите со што движното културно наследство пронајдено на Скопкото кале конечно ќе стане достапно за јавноста што е од витално значење за развој на туризмот, промоција и популаризана Скопската тврдина Кале, за кое постои огромен интерес од страна на научните работници, медиуми, како и од страна на домашните и странските посетители.
Со ова продолжуваат активностите за ревитализација на Скопската тврдина Кале што е еден од приоритете на Владата на Република Македонија, Министерството за култура и туризам и Управата за заштита на културното наследство.
Со ова продолжуваат активностите за ревитализација на Скопската тврдина Кале што е еден од приоритете на Владата на Република Македонија, Министерството за култура и туризам и Управата за заштита на културното наследство.

