На 19.08.2024 и 21.08.2024 година во просториите на Управата за заштита на културното наследство по инцијатива на Весела Честоева, в.д. директор на Управата за заштита на културното наследство и Ангелина Поповска Добричиќ, директор на НУ Национален конзерватрски центар – Скопје, се реализираа состаноци со претставници од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, со стручните експерти од Управата за заштита на културното наследство и Националениот конзерватрски центар – Скопје. На состаноците се разговараше за тековните проблеми и се дискутираше за решенија кои ќе придонесат за поголема динамика во реализцијата на посточеките проекти.
Воедно, како дополнителен бенефит од идната соработка е согледана и потребата од зголемена комуникација и дополнителна соработката преку собирање и процесирање на повратни информации од теренските активности, поврзани со законските процедурите и активностите околу самата динамика и реализација и проектите.
Со таа цел предвидена e поинтезивна комуникација во иднина за поефективно реализирање на предведените проекти.