Увид на состојбата на Куќата на Момирови, Светиклиментовиот Универзитет и Богословскиот факултет

Директорката на Управата за заштита на културното наследство заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, како и стручни лица од музејот направен е увид на состојбата на повеќе локации во Охрид и тоа Куќата на Момирови, Светиклиментовиот Универзитет, Богословскиот факултет и е констатирано дека овие проекти се комплетно запоставени и дека мора да се продолжи со нивна реализација.

Директорката на УЗКН која во склоп на Владата на Р. Македонија е инвеститор на Возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник ја информира јавноста дека изминатите години многу малке е вложено во реализацијата на овој капитален проект и е дојдено до заштање и оштетување на овие објекти што остава лоша слика за туризмот на нашиот бисер и лулка на Христијанството.

Од страна на Управата за заштита на културното наследство со ребалансот на Буџетот се побарани околу 30 милиони денари за заокружување на активностите предвидени за возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник, при што мораме да посочиме дека изминатите години се издвојувале смешни суми за оваа намена.

Bookmark the permalink.

Comments are closed