Учество на УЗКН на Форум на ИПА III Програмата за прекугранична соработка „Северна Македонија – Албанија 2021–2027“

На 03.03.2026 година во Кичево се одржа Форум за пребарување на партнери во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка „Северна Македонија и Албанија 2021–2027“ (IPA III Cross-Border Cooperation Programme North Macedonia–Albania), организиран по повод објавувањето на Вториот повик за доставување предлог-проекти.

Претставници од Управата за заштита на културното наследство учествуваа на Форумот, каде што беа презентирани приоритетите, условите за подобност и постапките за аплицирање во рамки на Програмата, како и можностите за воспоставување партнерства со институции и организации од прекуграничната област.

Управата е дел од Комитетот за следење на ИПА III Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија 2021–2027 и активно придонесува во следењето на имплементацијата на Програмата и обезбедувањето стратешка усогласеност со националните приоритети во областа на културното наследство.

Bookmark the permalink.

Comments are closed